Поларис С01E21 – Емисија посветена на научната фантастика, фантазијата и хоророт

Polaris – S01E21 by Radio Mof on Mixcloud

Во ова специјално издание на Поларис на Радио МОФ во 19 часот фокусот на вниманието ќе биде насочен кон трансхуманизмот, односно релацијата човек-машина и како границите помеѓу природното и вештачкото, иако јасни на почетокот, почнуваат да се замаглуваат во последниве неколку години. Она што било плод на имагинацијата на многу сф писатели и филмски уметници станува реалност, а за трансхуманистичкото движење и филозофија ќе се дискутира со Дамјан Цветков Димитров.