Поларис С01Е15 – Емисија посветена на научната фантастика, фантазијата и хоророт

Polaris – Episode 15 by Radio Mof on Mixcloud

Оваа најнова епизода на радио емисијата Поларис ќе биде посветена на тв серијата во продукција на Amazon Studios, The Man In The High Castle, базирана на истоимениот роман на Филип К. Дик, една од најдобрите книги од поджанрот „алтернативна историја“, односно што би било доколку САД, Советскиот Сојуз и нивните сојузници се поразената страна во Втората светска војна. Затоа не заборавајте да се вклучите на рајх фреквенцијата или боженствената императорска фреквенција (зависи во кој дел на светот живеете) и откријте зошто братските народи на Нацистичка Германија и Империјална Јапонија се предводници на човештвото во една нова, светла иднина.
Einstellen/Shūhasū o awaseru