Поетска ноќ во Велестово со фокус на современата бугарска поезија

Поетска ноќ во Велестово, оваа година посветена на поетот Ристо Василевски ќе се одржи утревечер во 21 часот. За него беседа ќе одржи поетот Бранко Цветкоски. Новото, 29-то издание на манифестацијата ќе ја отвори џез-групата „Караванија“, а ќе продолжи со отворање изложба на акедемскиот сликар Емил Шулајковски.

Од минатата година посебна вечер манифестацијата посветува на една национална поезија. Минатата година беше претставена современата ирска поезија, а оваа година современата бугарска поезија и по тој повод манифестацијата ја објави книгата „16 бугарски поети“, која ќе биде промовирана на 23 јули во Домот на културата „Григор Прличев“ – Охрид.

Оваа година манифестацијата ги проширува своите програмски активности со гостување на поетите на Отвореното студио  „Арт поинт Гумно“ во Слоештица и посета на уникатната библиотека во село Бабино.

Во својот 29 годишен пат манифестација претсавила бројни македонски уметници: Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре Андреевски, Матеа Матевски, Раде Силјан, Катица Ќулавкова, Санде Стојчевски и др., сликари Вангел Наумовски, Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Мироскав Масин, Сергеј Андреевски, Славки Упевче и др.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули ќе се одржи промоција на проект книгата Извештаи на Рисот од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата Доилката од Лилјана Пандева и Ништо не е недостижно од Зоран Јакимоски.

Покровители на манифестацијата се Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид и Комерцијална банка.