Поетесата Бистра Илин Шеќеровски ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“

Поетесата Бистра Илин Шеќеровски е добитник на годинашната награда „Македонска книжевна авангарда“ за стихозбирката „Градините на внатрешниот сон“ во издание на НИУ МИИЦ од Панчево, Србија.

Наградата ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, која соопшти дека наградената книга се одликува со оригинален и специфичен поетски ракопис.

Бистра Илин Шеќеровски пишува и објавува и на српски и на македонски јазик, а се занимава и со музика и сликарство.

Досегашни добитници на оваа награда се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски и Ана Бунтеска.