Креативните мурали на уметницата Мона Карон

Како дел од нејзиниот проект на кој работи во моментот, уметницата Мона Карон претходно започнала да го фотографира напредокот на нејзините мурали, чекор по чекор, создавајќи кратки анимации од растенија кои растат во јавни простори.

Карон неодамна наслика мурали кои прикажуваат треви во предели на нејзината родна Швајцарија, Индија и околу нејзиниот сегашен град на живеење, Сан Франциско. Според Карон, овие дела се во чест на сите оние за кои немало простор, кои не биле дел од ничиј план, а сепак постојано се враќале и се кревале.