Поддршка од Европскиот младински форум за младите во Украина и нивната борба

Поддршка од Европскиот младински форум за младите во Украина и нивната борбаКако одговор на трагичните настани во Украина кога за време на протестите беа убиени тројца млади луѓе, од Европскиот младински форум соопштија дека им даваат целосна поддршка на младите Украинци и се солидаризираат со нив бидејќи им се погазени човековите права се погазени и никој не сака да ги слушне нивните гласови.

Додека  политичките преговори се во застој, украинскиот Парламент треба да ги слушне своите граѓани, од кои многумина се млади луѓе кои имаат демократско право на протест, побара од Форумот.

Оттаму потсетуваат дека поради незадоволството од постапката на претседателот Виктор Јанукович, кој се повлече од потпишување на договорот за слободна трговија и асоцијација со ЕУ, во замена за финансиска помош од Русија, стотици илјади лица излегоа на улиците на Киев, од кои голем број млади активсти. Движењето, додаваат, потоа прерасна во големи протести против беззаконието и корупцијата присутна за време на претседателствувањето на Јанукович.

„Европскиот младински форум е сериозно загрижен од законот кој забранува протести, а кој беше донесен од украинскиот Парламент минатата седмица. Нечуено е една демократски избрана влада да може да го задуши легитимното право протест на својот народ. Ние од Европскиот младински форум го поддржуваме правото на Украина да избере поблиски врски со Европа и нивното право на мирен антивладин протест без страв, не само од насилство, туку и од тортура и смрт. Сцените на кои сме сведоци во Киев последниве седмици се ужасни и целосно неприфатливи“, се наведува во соопштението од Младинскиот форум.