„Подај рака, донирај за твојот сосед“ – хуманитарна акција во Карпош

Општина Карпош организира хуманитарна акција под мотото „Подај рака, донирај за твојот сосед“ .

Овој викенд (24-25 март) пред поголемите маркети во општината ќе бидат поставени 12 штандови на кои жителите ќе можат да донираат прехранбени продукти, кондиторски производи и средства за лична хигиена, кои потоа ќе бидат распределени на социјално ранливите категории на граѓани.

Акцијата ќе се одржи во период од 09-13.00 часот пред следниве 12 маркети :

1. Гранап – Карпош 3
2. Тинекс – Карпош 2 ( кај Драмски театар )
3. Тинекс – Карпош 3
4. Тинекс – Карпош 4
5. Тинекс – Злокуќани
6. КАМ Маркет – Влае 1 ,
7. КАМ Маркет – Влае 2,
8. КАМ Маркет – Тафталиџе,
9. КАМ Маркет – Козле ( Канела),
10. Стокомак – Карпош 2 кај Драмски театар ,
11. Стокомак – Карпош 4 и
12. Веро – кај Педагошки Факултет

Од Општината ги повикуваат сите граѓани кои можат да се приклучат на акцијата.