Почина Влада Дивљан, фронтменот на југословенскиот бенд „Идоли“

Еден од великаните на југословенската и српската музика, Влада Дивљан почина утрово во Виена после долго и тешко боледување, пишува B92.

Дивљан е поранешен член на џез-рок групите „Мерлин“ и „Звукот на улицата“, а кон крајот на 1979 година со Срѓан Шапер,  Небојша Крстиќ, Зденко Колар и Божа Јовановиќ ја формираат групата „Идоли“, еден од клучните бендови за време на југословенскиот Нов бран.

Првиот албум на групата „Одбрана и последни денови” е прогласен за најдобра рок плоча издадена во поранешна Југославија.

Од 1985 година, Дивљан започнa самостојна кариера во која се занимаваше со поп-рок и филмска музика.