Почина пејачот Том Пети

Том Пети почина откако претрпе срцев застој, јавуваат странските медиуми.

Пејачот, кој имаше 66 години, бил однесен во болницата без свест и исклучен од машини за одржување во живот откако било утврдено дека нема мозочна активност.

Иконичниот артист претрпел срцев удар и бил најден несвесен во неделата навечер.

Пети е роден во Гејнсвил, Флорида, на 20 октомври 1950 година, во проблематично семејство. Имал тешко детство, живеејќи во сиромаштија со насилен татко алкохоличар.

Средба со Елвис Присли во 50-тите го натерала да се заинтересира за рок музика. На 17 години, се откажал од училиште и почнал да свири во бендот Mudchurch.

Се прослави со својот бенд, Tom Petty and the Heartbreakers во 70-тите, објавувајќи неколку хитови, меѓу кои и Free Fallin’, Listen to Her Heart и American Girl. Бендот стана дел од Рокенрол Халата на славата во 2002 година.

Продолжија да настапуваат во изминатите четири децении. Последниот негов настап беше одржан минатата недела, продавајќи целосно три концерти во Холивуд Боул за нивната 40-та годишнина.