Почина Ник Менза, поранешниот тапанар на Мегадет

Ник Менза (Nick Menza) , поранешниот тапанар на култниот метал бенд Мегадет (Мegadeth), почина откако се онесвестил на сцената во текот на настап во Калифорнија. Имаше 51 година, јави CNN.

Веста за смртта на музичарот ја потврди и неговиот портпарол. Таа шокираше многумина во музичката индустрија, вклучувајќи го и фронтменот на Мегадет, Дејв Мастејн, кој твитна дека се надева оти веста не е вистинита.

Менза како тапанар на Мегадет доаѓа на испразнетото место на Чак Белер во 1989 година и во бендот минува речиси 10 години. Во 2004 год. повторно се враќа во Мегадет, но само за снимање на албумот „The System Has Failed“. По завршување на сесијата се повлекол од групата и бил тапанар во некои помали состави.