Почина Леонард Коен, кант-авторот со магичен глас

Кандскиот пејач, текстописец, поет и романсиер почина во 82-та година од животот. Веста за смртта беше споделена преку неговата фејсбук страница.

Неговите фанови, по жалната вест, се собираа пред домот на Коен во Монтреал, да запалат свеќа и да положат цвеќе во спомен на кант-авторот.

koen-pocit-montreal

Меѓу најпознатите дела на Леонард Коен се Hallelujah, Suzanne, Bird on the Wire и I’m Your Man. Минатиот месец го објави 14-тиот албум You Want It Darker.

„Мојот татко почина мирно во неговиот дом во Лос Анџелес, со знаење дека го комплетирал, според неговото чувство – едно од најголемите дела. Тој пишуваше до неговите последни моменти, со неговиот единствен бренд на хумор“, изјавил синот на Коен, Адам, за Ролинг Стоун.

Коен, инспирацијата за своите дела ја наоѓаше во осаменоста, сексуалноста, личните односи, политиката и религијата.

Во едно од своите последни интервјуа, за Њујоркер, Коен зборувал за смртта:

„Спремен сум да умрам. Се надевам само дека нема да биде премногу непријатно. Тоа е сè од мене“.