Почина легендарната диско дива Џони Слеџ

Џони Слеџ од групата „Sister Sledge“ е пронајдена мртва во својот дом, во петокот.

Џони беше член на легендарната група што ја основа со своите сестри Деби, Ким и Кејти во 70-тите. Зад нив имаат бројни влијателни хитови како „We Are Family“, „He’s The Greatest Dancer“ и „Lost In Music“.

Причината за смртта се уште не е потврдена, но според нејзиниот пиблицист, Биф Варен, таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Феникс, Аризона.

Пред да станат славни, сестрите со години се бореле за популарност, што било тешко поради природата на музичката индустрија. По соработката со Нил Роџерс и Бернард Едвардс, кои го продуцираа нивниот албум „We Are Family“, постигнаа комерцијален успех и освоија „Греми“ за насловната песна. Продале 1 милион копии од албумот и песната.