Почина актерот Благоја Спиркоски-Џумерко

Благоја Спиркоски-Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.

Тој беше најпознар по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, а беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Џумерко е носител на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година.