Пленумот повикува на солидарност, и во Прилеп собир на 10 декември

Активистите на Студентскиот пленум денеска посетија неколку локации во центарот на Скопје, откаде повикаа на солидарност и масовност на претстојниот втор студентски марш, закажан за оваа среда (10 декември). Тие ги истакнаа своите транспаренти на градскиот трговски центар и на стоковната куќа „Мост“, очекувајќи поголемо присуство на нивните поддржувачи на маршот в среда, на кој уште еднаш ќе ја повикаат Владата да ги запре најавените реформи и државниот испит за студентите.

Пленумот повикува на студентска солидарност, и во Прилеп собир во среда

Во исто време, денеска се одржа и вториот Студентски пленум на прилепските студенти, на кој беше одлучено во среда да се одржи собир на студентите, средношколците и сите други заинтересирани граѓани од Општина Прилеп.

„Студентите и средношколците од Прилеп им даваат безрезервна поддршка на своите колеги од другите градови. Во таа насока уште еднаш потенцираме дека сме против воведувањето на екстерното тестирање, односно на државниот испит. Разговаравме и за изнаоѓање други форми на дејствување во следниот период, како што е формирањето на Фејсбук групата „ Студентски-средношколски пленум“, рече прилепската средношколка Николина Матракоска.

Пленумот повикува на студентска солидарност, и во Прилеп собир во среда

Пленумот повикува на студентска солидарност, и во Прилеп собир во среда