Пиратски печатачи: Шахти и канализациски решетки како инспирација за дизајн на облека

Со користење на јавните објекти по улицате како мотиви за печатење, уметничкиот колектив од Берлин кој работи под името „Raubdruckerin“(Пиратски печатач) произведува маици и торби на кои се гледаат делови од шахти, отвори или решетки од канализација. Овие геометриски шеми и типографски форми се покажаа какко одличен дезен за облека која колективот ја „дизајнира“ на свој начин. Така, мастилото и боите се аплицираат директно на шахтите по улиците, а отпечатоците доаѓаат од различни локации како што се Амстердам, Лисабон и Париз, по што креациите се продаваат во нивната онлајн продавница. Погледнете ја галеријата подолу: