Петто издание на транс фестивалот „До зора“ во Делчево

Во сабота (30 јули), ќе се оддржи петтото издание на фестивалот за транс музика во Делчево „До зора“. И годинава, настаните ќе се одвиваат на отворено, во локалитетот „Кула“ кај село Чифлик.

„Природа, музика, месечина, сонце, љубов, дојдете и почувствувајте ја енергијата која сите не обединува во едно“, стои во поканата на фестивалот.

Во годинашната програма потврдени се настапите на Try 2 Fly [BMSS records] Yudhisthira [Forestdelic records]Cosmic Dimension [suntrip records]Oniro [Profound records], Kliment L, Blendimore, Plastik B, Ivoch, Bapsy и Wizard.

Фестивалот за првпат се одржа во 2012 година, во делчевското село Стар Истевник, каде се собираа по стотина млади. Но, поради големиот интерес, фестивалот се пресели на поширока локација каде веќе две години по ред има можност и за кампување.