Петто издание на ЕХО – фестивал на планинскиот филм

Петтото издание на ЕХО – фестивал на планинскиот филм ќе се отвори во кино Милениум на 3 ноември, по што продолжува во кино Фросина (4-5 ноември), за да заврши во МКЦ клуб ресторан со кратки филмови и забава на 6 ноември.

Петто издание на ЕХО - фестивал на планинскиот филм

Првата вечер во кино Милениум ќе се одржи проекција на првиот македонски филм за спортско качување “Кон Врвот” и со најдобрите филмски остварувања во светот на планинските фестивали за изминатата година според критиката како исклучителната приказна “The last great climb“ и фантастичниот “Into the Mind“, филм кој го сопира здивот со неверојатните снимки, ефекти и музика.

Влезот на фестивалот е слободен. Повеќе детали од програмата, презентациите и филмовите од следните денови, може да се погледнат на следниот линк.