Петиција за снимање на серија за историјата на Star Wars собра 135.000 потписи

Во текот на изминатите шест месеци, 135.000 обожаватели на „Војна на ѕвездите“ се обратиле до Дизни и Лукасфилм, барајќи од студијата да снимат дел од приказната и да го претворат во серијал кој ќе се емитува на Нетфликс.

Засега нема никакви индикации за тоа дали соработката меѓу Дизни и Нетфликс ќе се случи. Двете франшизи немаат соработувано претходно на оригинална содржина, а никој сѐ уште нема одговорено на петицијата.

Но, The Old Republic (Старата Република) е дел од историјата која се случува пред она што досега го знаеме за Star Wars, и токму тоа е приказната која обожавателите бараат да биде пренесена на малите екрани.

Сѐ што е познато за Старата Република, се знае од три видео игри: Knights of the Old Republic, Knights of the Old Republic II и The Old Republic. Од нив, првата е објавена уште во 2003 година.

„Веќе е време приказните од 3000 години пред Битката на Јавин да бидат раскажани и на новите и на старите фанови на франшизата“, пишува во петицијата.

Според фановите, ерата на Старата Република игра значајна улога во приказната зад Star Wars, бидејќи тогаш се менува историјата.

За причината зошто фановите сакаат да ја гледаат потенцијалната серија токму на Нетфликс, пишуваат дека е клучна „богатата на добрата содржина која ја продуцираа (Нетфликс) низ годините, како Narcos, House of Cards, и особено сѐ што сработија Марвел“.