Песна на македонскиот продуцент Alavux на компилација на легендарниот Dave Clark

Легендарниот Dave Clarkе, човекот кој се смета за барон на техно музиката, денеска ја одбележува 500-тата епизода од неговото шоу „White Noise“ со ретроспективна компилација, во која се најде и песната „Phutura“ на македонскиот продуцент Alavux.

Компилацијата симултано ќе се пренесува за време на емисијата, а собраните приходи ќе бидат донирани на холандска добротворна организација која им помага на болните од рак кои се без здравствено осигурување да се лекуваат.

Покрај Alavux, компилацијата е составена и со музиката на Mr. Jones, Datrus, The Subdermic, Lectromagnetique, како и многу други.