Перформанс на „АЈДЕ!“ утре пред МРТ

Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, утре (сабота), на 28 февруари, во 12 часот, ќе организираат протестен перформанс пред зграда на МРТ.

Настанот, како што се појаснува во нивното соопштение, е мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон

На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните, ќе говорат новинарите и граѓанските активисти: Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова.