Пејачката Фифи настапи на отварањето на Стокхолм Прајд

Трансродовата пејачка Фифи која е од Македонија, настапи на отварањето на овогодинешната геј парада во Стокхолм со песната „Beautiful”.

Таа кратко се обрати на публиката и говореше за тоа колку е тешко секојдневно да се соочува со дискриминација и како песната и помогнала да се одржи, по што доби голем аплауз.

Стокхолм прајд еднаш годишно се одржува во Стокхолм, главниот град на Шведска. Од самиот почеток во 1998 година, Стокхолм прајд расте. Во 2014 година, броеше околу 60.000 учесници и 600.000 луѓе ја следеа парадата на улиците.

Прославите вообичаено започнуваат со предавања и изложби низ целиот град додека Куќата на гордоста е културен центар на фестивалот. Таа е преполна со семинари, дебати, работилници, изложби, филмски, театарски и други настапи.

Во продолжение погледнете го видеото од настапот на Фифи: