„Паркови и зеленило: Ќе се сечат сите тополи во Скопје, претставуваат опасност

Откако вчера екипите на „Паркови и зеленило“ исекоа неколку дрвја во паркот спроти трговскиот центар „Сити мол“, од Град Скопје денеска излегоа со појаснување:

„Не се точни написите пренесени од дел на медиумите дека е извршена голема сеча на дрвја од јавните зелени површини спроти трговскиот центар „Сити мол“. Екипи на ЈП„ Паркови и зеленило“ во текот на вчерашниот ден спроти трговскиот центар исекоа три дрвја, од кои две тополи и едно суво дрво. Од стеблата на тополите претходно се искршиле големи гранки кои паднале врз времен објет и предизвикале поголема матијална штета. Поради фактот дека овие тополи претставуваа потенцијална опасност за минувачите, како и сувото дрво и можеше да предизвикаат и големи материјални штети, дрвјата се исечени, велат од Градот.

Од „Паркови и зеленило“ претходно соопштија дека во план е сечење на сите преостанати тополи на подрачјето на главниот град:

„Согласно Програмата за работа на Јавното претпријатие за 2015 година, во која е предвидено да се исечат сите преостанати тополи во град Скопје, за што не е потребен документ – решение, а имајќи ја опасноста од паѓање на преостанатите тополи, кои се наоѓаат веќе до паднатата, екипите на паркови и зеленило ќе ги отстрани и нив“, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.