Паркови и зеленило: Да запре вандалското однесување на Водно

Од ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат граќаните совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата на Водно откако изминатиот период чуварските служби од реонот во парк – шумата „Водно“ регистрирале уништување на повеќе парковски елементи.

Водно

Водно

„Се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите. Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото. Оттука апелираме до посетителите да совесно и одговорно се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата“, се наведува во апелот од јавното претпријатие.