Отворено: Вработување и работнички права

Третата емисија на Отворено најавува дискусија за „Каква е состојбата со вработувањето, колку се почитуваат работнички права, ефективнивноста на синдикатите и правната рамка како механизам на заштита“. Прашањата ги поставува публиката во студиото.

Со граѓаните дебатираат:
Доц. д-р Лазар Јовевски – Професор по трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Пеце Груевски – Претседател на синдикатот на УПОЗ [Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија],
Маријана Перковска – Претседателка на текстилниот кластер при стопанска комора,
Артан Садику– Активист за човекови права и член на движењето „Солидарност“.

Емисијата ќе се емитува на 4 мај (понеделник) 2015, со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Секој кој сака да биде дел од гостите во студиото ќе може да се пријави на http://goo.gl/26sAVs најдоцна до недела, 03 мај, до 17:00 часот. Бројот на места во публика е ограничен. Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани од страна на организаторите.

Прашањата, аргументите и мислењата споделувајте ги на хаштагот #отворено.

Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).