[Отворено] Разрешница на политичката криза

Дали договорот од Пржино обезбедува оддржлив излез од политичката криза во Македонија?Има ли доволно доверба и посветеност од сите страни?Дали договореното ќе се одржи доколку вратите за членство во ЕУ и НАТО останат затворени?Треба ли на Македонија нов пристап во политиката?

Ова се само дел од прашањата кои ќе се дискутираат на ТВ дебатата „Отворено“, која ќе се емитува на 27 јули (понеделник), со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Со граѓаните дебатираат Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања; Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на СДСМ и поранешна вице-премиерка за европски прашања; Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, пратеничка во Собранието на РМ од 2002 година и претседателка на Комисијата за еднакви можности и Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ.

Вашите прашања, аргументи и мислења споделувајте ги на #отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата обезбедува дискусија на нова тема на која дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).