Отворени се тимските апликации за технолошкиот маратон Codefest 2017

Технолошкиот фестивал Codefest овој април, од 7ми до 9ти, во Охрид ќе го одржи своето петто јубилејно издание. Во рамки на фестивалот се одржува Codefest маратонот, кој претставува 32-часовен тимски натпревар во развивање на софтверски и хардверски, иновативни и креативни решенија. Настанот е основан и организиран од страна на СТАРТАП ЗОНА.

Досега учество на маратонот можеа да учествуваат само студенти, а тоа за првпат се менува со тоа што оваа година натпреварот ќе биде отворен во три категории: млади (до 16 години), студенти (од 17 години до мастер студии), и ррофесионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти).

Учесниците ќе се натпреваруваат за победа во секоја од овие категории засебно. За аплицирање на Маратонот потребно е да има тим од 2 до 5 членови и да има креативна и иновативна технолошка идеја на која досега не се работело.

„Услов за учество е за прв пат идејата да ја развивате во рамки на настанот, во тие 32 часа“, појаснуваат организаторите.

Формуларот за аплицирање за Маратонот е достапен на следниот линк. Апликациите се отворени до 28ми февруари 2017.