Отворен повик за учество на тренигот „Уметност за застапување“ во Охрид

Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа (ИДЕА ЈИЕ) распиша повик за тренингот „Уметност за застапување“ кој ќе се одржи во Охрид од 30 септември до 6 октомври 2017 година.

Тренингот и програмата се креирани со намера да дадат шанса на сите што се заинтересирани да научат како да користат уметнички форми за застапување. Не е потребни никакво предзнаење од уметноста или застапувањето за се биде дел од тренингот.

ИДЕА ЈИЕ ја смета уметноста како важна алатка за пренесување на вашата порака. Поради тоа ИДЕА ЈИЕ организира серија на тренинзи каде младите и претставниците на граѓанските организации учат како да ја користат уметноста во раскажување на своите приказни и испраќање јасна и силна порака до општеството.

На овој трениниг се предвидени изучување на стриповите, уличната уметност и дата визуелизацијата како алатки за застапување. Целта е да се даде поддршка на младите лидери и претставниците на граѓанските организации да ги користат овие форми во нивната работа за подобрување и трансформација на општеството.

На повикот може да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години кои доаѓаат од следниве земји Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија и Србија.

Крен рок за пријавување: 20 септември 2017

Место на оддржување: Хотел Пела, Охрид

Регистрирација на: http://advocacy.mk/#r4

Сите трошоци поврзани со сместувањето, храната и материјалите за тренингот се покриени од страна на ИДЕА ЈИЕ. Трошоците за превоз до и од местото на оддржување на тренингот не се покриени од страна на ИДЕА ЈИЕ и ги сносат самите учесници.

Линк до фотографии од претходните тренинзи: https://www.flickr.com/photos/idebate/albums/72157653322119204

Линк до видеа од претходните тренинзи:

https://www.youtube.com/watch?v=pqSi3hFAs40

https://www.youtube.com/watch?v=4EjlG8g1lkI