Отворен повик за учество на Меѓународен летен академски курс

Студентската организација БЕСТ Скопје и оваа година организира летен Меѓународен академски курс, кој ќе се одржува од 3 до 13 јули 2016 година.

Како што соопштуваат од БЕСТ, на овој курс ќе учествуваат околу 30 странски студенти од цела Европа, кои заедно со македонски студенти ќе слушаат предавања на тема „Мрежни комуникациски технологии“ на Факултетот за електротехника и иформациски технологии во Скопје.

Македонските студенти кои ќе учествуваат на овој курс, покрај проширување на своите знаења, ќе добијат 1 ЕКТС. Единствените услови за аплицирање се студентите да студираат на некој од техничките факултети, односно ФЕИТ, МФС, ТМФ, ФИНКИ или ГФ и да имаат солидно познавање на англискиот јазик.

Предавањата ќе се одржуваат на англиски јазик, а распоредот на предавања, како и други подетални информации за курсот може да се најдат на http://summer16.best.org.mk/

Пријавувањето трае до утре (28 јуни) 2016 година, а апликацијата може да се пополни ОВДЕ.