Отворен нов приватен универзитет „Визион“ во Гостивар

Започна со работа нови приватен универзитет „Визион“ со седиште во општина Гостивар.
Универзитет „Визион“, како што појаснува министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, има добиено акредитација од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија, за вршење на настава на македонски, англиски и турски јазик, на сите факултети за двата циклуси на студии.

„Универзитетот пред само четири месеци доби и трајно решение за отпочнување со работа од страна на Министерството за образование и наука. Морам да напомена дека ова е првиот Универзитет во државата за кој се донесе Одлука од Владата за давање на одобрение за основање“, рече Адеми кој беше присутен на отворањето на установата.

Ректор на универзитетот е професорот Фадил Хоџа. На Универзитетот ќе функционираат пет факултети: Факултет за информатика со студиска програма Информатика, за четиригодишни студии на прв циклус, Правен факултет со студиска програма Правни науки, за четиригодишни студии на прв циклус, Економски факултет со студиска програма Економија, за четиригодишни студии на прв циклус, Архитектонски факултет со студиска програма Архитектура и дизајн, за тригодишни студии на прв циклус и Факултет за општетествени науки со студиска програма Психолошко советување, за четригодишни студии на прв циклус.