Отворање на изложбата Obsession во „Мала станица“

Утре(5 март)  во галеријата НУ „Мала станица“ во Скопје, ќе се отвори изложбата Obsession, меѓународен проект на групата ОutSight од Австрија и уметниците Ана Лазаревска и Нита Чаволи од Скопје.

Отворање на изложбата Obsession во „Мала станица“

Преку перформанси, видеа, фотографии и инсталации, проектот „Obsession” ќе ги отвори кревките прашања врзани со опсесивноста во современото живеење и тоа во контекст на националниот, родовиот и личниот идентитет, на себе-репрезентацијата во социjалните медиуми, но и на размената на личните и културолошки особености преку продуктивна колаборација.

Изложбата ќе трае до 14 март, а период во кој уметниците ќе живеат во галерискиот простор и ќе бидат отворени за соработка со публиката. Заедничкиот ангажман на овие уметници продолжува, а кон крајот на годината е предвидена уште една изложба во Австрија.

Изложбата во „Мала станица“ се отвора во 19.30 часот.