Откриена ранливост во Wi-Fi мрежите со која секој конектиран уред може да биде хакиран

Според предупредување објавено од Владата на САД, речиси секоја Wi-Fi мрежа може да биде пробиена.

Проблем со WPA 2 стандардот за заштита, кој се користи кај речиси секоја домашна Wi-Fi мрежа, значи дека потенцијално секоја мрежа која е вака заштитена може да биде хакирана.

Откако ќе се хакира, секој уред поврзан на мрежата и изложен на ризик, што значи дека хакерите можат да го набљудуваат сообраќајот и сè што се плаќа и прима преку мрежата.

Истражувачи водени од Мети Ванхоф ќе ги откријат деталите на мааната, позната како KRACK, подоцна денес. Но, американската влада веќе откри некои детали во предупредување кое тврди дека проблемот може да биде ризик за целиот свет.

Тимот за одговор при итни случаи поврзани со компјутери на САД (US CERT) предупредува дека секој кој го користи WPA 2 стандардот е веројатно хакиран.

Секој кој користи рутер за домашната интернет мрежа веројатно зависат од таа заштита, а секој уред кој се конектира на него ќе биде подеднакво изложен.

Не е јасно колку лесно може да се изведе таков напад, или како би бил лансиран. Исто така, не е јасно како постоечките мрежи може да останат безбедни.