Откриен идентитетот на креаторот на дигиталната валута, биткоинот

Креаторот на Биткоинот, познат како Сатоши Накамото, објави дека е всушност Австралиец кој се вика Крег Рајт и досега од дигиталната валута има заработено повеќе од 450 милиони долари.

Рајт самиот тврди дека е создавачот на Биткоинот, а наводно прикажал докази на ВВС, The Economist и GQ.

За да потврди дека навистина тој е креаторот на биткоинот, прикажал оригинални кутии со биткоин монети потпишани со неговото име, кои му биле испратени на Хал Фини, инженер кој исто така има одиграно голема улога во популаризирањето на биткоините.

Според ВВС, кредибилни и добропознати членови на биткоин заедницата ги потврдиле тврдењата на Рајт.

Креаторот на „криптовалутата“ го објави својот идентитет за да ја заврши шпекулацијата за тоа кој навистина го создал биткоинот, и да помогне при развојот и понатамошното користење на него, според ВВС.

„Не го направив ова бидејќи сакав. Не е мој избор. Навистина не сакам да бидам заштитно лице на нешто. Порадо би останал скриен. Сакам да работам, сакам да продолжам со ова. Не ги сакам парите. Не сакам слава и да бидам обожувам. Сакам да бидам на мир“, изјавил тој.

Сепак, се смета дека Рајт е сопственик на повеќе од милион биткоини, што значи дека има повеќе од 450 милиони долари.