Основен курс по астрономија на Астрономскиот центар Орион

Астрономскиот центар Орион од вторник, 4 октомври од 20:00 часот организира Основен курс по астрономија, на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Курсот се содржи од 15 предавања со сите основни теми и концепти од астрономијата, две предавања во Планетариумот и теренско набљудување со телескопи.

Овој визуелно богат курс кој изобилува со многу фотографии, слики и анимации е замислен да обезбеди нетехничко објаснување на модерната астрономија, вклучувајќи ја структурата и развојот на планетите, ѕвездите, галаксиите и Универзумот како целина. Курсот ја опфаќа целата материја за основите на астрономијата, објаснети и презентирани низ примери аналогни на нашето опкружување. Во последните десетина години оваа наука доживеа голема експанзија, развој и усовршување.

Курсот е концентриран на најважните и највозбудливите аспекти во астрономијата и методите кои астрономите ги користат да развијат претстава за нашето опкружување. Предавањата се претставени со јасни и едноставни термини, детално објаснување како „работи“ Универзумот, и поврзаноста на сите компоненти и објекти во него, кои ќе се разгледаат и дискутираат за време на предавањата.

Сите предавања траат по час и пол, а после секое предавање има време за прашања и кратка дискусија. За предавањата има обезбедено и прирачник за полесно следење и помнење на материјалот.

Теренското набљудување ќе биде закажано во зависност од метеоролошките услови, по можност за време на викенд.

Курсот чини 1500 денари. Не е потребно пријавување, туку доолно е заинтересираните да се појават 15 минути пред почетокот на првото предавање за да се пријават.

За членовите на Астрономски центар Орион; останатите астрономски друштва во Македонија и за студентите од Архитектонскиот факултет, ќе има попуст од 20% (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

За повеќе информации заинтересираните можат да пишат на формуларот на orion.mk@mail.com или да се јават се на 075 421 012.