„Орбитал“ и „Паблик Енеми“ на „Скопје гори“
Легендарното британско дуо и рап легендите ќе настапат под отворено небо на скопското Кале
Авалон продукција информираше дека на новото издание на фестивалот Скопје Гори 2012 кој ќе се случи на 26ти Јуни на Скопското Кале-Open Air како главни ѕвезди ќе настапат шампионите на електронскиот звук, „Орбитал“!
На фестивалот ќе гостуваат и легендарните „Паблик Енеми“, како и Србите „Партибрејкерс“. Организаторите објавија дека влезниците ќе чинат 600 денари.
Превземено од Утрински Весник.













