[Видео] Општествен експеримент: човек нуди пари, ги земаат само богатите

Coby Persin направил мал социјален експеримент – се облепил со банкноти и стоел на улица со натпис: „Земете колку што ви треба“. Резултатот? Парите ги земале луѓе на кои тие вистински не им биле потребни, како еден бизнисмен во скапа облека и две жени со скапи чанти. Една од жените кои зеле од парите признава дека парите и требаат за утрешниот маникир.

При крајот на снимката, на Persin му приоѓа бездомник, кој зема само две банкноти, за да купи храна за него и неговото куче. Кога Coby го прашува зошто не земе повеќе пари, човекот му одговара да ги подели парите на оние на кои им се потребни.