„One night in America“ – добротворен концерт на американска музика

На 1 декември, петок, од 20 часот во новата зграда на Македонската филхармонија, ќе се одржи добротворен концерт на американска музика. Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) го организира концертот, кој ќе го изведува Биг бендот на МТВ.

„One night in America“ е замислен како патување низ најпопуларните композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд. Средствата од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Концертот го организира Македонско – американската алумни асоцијација (МААА). Билетите за концертот се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и онлајн na http://mktickets.mk/nastan/one-night-in-america/.