Околу Антарктикот ќе биде создаден најголемиот заштитен морски парк

Европската унија и 24 држави го потпишаа одамна планираниот договор, со кој ќе се заштитат 1,1 квадратни километри во Јужниот Океан. Со тоа, ќе се спречи да се ловат поголем број на млади риби.

Интернационалниот договор за создавање на најголемиот морски парк на светот во Јужниот Океан, беше склучен во Австралија, после пет години правење компромиси и пропаднати преговори.

Повеќе од 1,5 милиони квадратни километри околу Антарктикот ќе бидат заштитени со договорот кој го склучија Европската унија и 24 други држави. Тоа значи дека област со големина колку површината на Франција и Шпанија заедно ќе служи како „зона со генерална заштита“, каде нема да биде дозволено ловење на риби.

Заштитата на паркот ќе истече за 35 години. Во него ќе има и 322 илјади километри квадратни зона за истражувања, каде ќе биде дозволено ловење на одредени видови риби, но исклучиво за научни причини.

„Денешниот договор е пресврт за заштитата на Антарктикот и Јужниот Океан“, вели Крис Џонсон, главниот научник на WWF за Австралија. „Ова е значајно не само поради неверојатниот диверзитет на животот кој ќе биде заштитен, туку и заради придонесот кој ќе го направи во градење на имунитетот на светските океани во очи на климатските промени“.