OK Go снимија урнебесно видео во нулта гравитација

Мајсторите на познатите кореографски музички спотови, OK Go го објавија своето ново, триминутно музичко видео за нивниот нов сингл Upside Down & Inside Out, кој е снимен во нулта гравитација.

Спотот е направен во авион во Центарот за тренинг на космонаути Јуриј Гагарин кој се наоѓа во близина на Москва.

Спотот е работен три недели, а беше најавен како „првo музичкo видео целосно снимено во нулта гравитација”.