Одземена лиценцата на водичот од „Трансверзалец“, Зоран Костадиновски

Федерацијата на планински спортови му ја одзеде лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од планинарското друштво „Трансверзалец“ и забрани организирање планински тури на планини повисоки од 2.000 метри до 21 март, откако во саботата при качување на планината Ниџе животот го загубија Калина Велевска и Александар Миновски.

Одлуката е донесена на денешниот состанок на кој бил разгледан извештајот за тоа што се случувало во кобните часови на врвот Кајмакчалан.

Според претседателот на Федерацијата, Јовица Угриновски, лиценцата на Костадиновски му се одзема поради мали технички пропусти во организирање на турата, а повеќе од морални причини.

Мета