#ОдТебеЗависи – конкурс за иновативни проекти за борба против климатските промени

„Social Innovation Hub Skopje“ објави конкурс со кој ги повикуваат сите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени кон борбата против климатските промени преку:

– Намалување на загадувањето;
– Намалување на емисиите од транспортот;
– Заштита на зелените површини; или
– Намалување на цврстиот отпад.

Главната цел на конкурсот е да ги охрабри поединците да предложат иновативни идеи за намалување на климатските промени и зголемување на урбаната отпорност.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од 10 000 американски долари, од кои 1 000 ќе бидат доделени како парична награда, додека 9 000 долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение. Ова вклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање на неговиот понатамошен развој.

За учество во конкурсот потребно е да се пополни онлајн формуларот којшто се наоѓа на вебстраницата http://odtebezavisi.mk. Предлозите можат да бидат доставени на македонски, или англиски јазик. Краен рок за пријавување е 1 јуни 2016 година.