Одбележување на Меѓународниот ден на ретките болести

Под мотото „Ден за ден, рака под рака“, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на ретки болести.

Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложба „Гушни ја реткоста“, со почеток од 11 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е во организација на уличното списание „Лице в лице“ во соработка со агенцијата „Холистик“, здружението „Живот за предизвици“ и Националната алијанса за ретки болести.

Целта, како што велат организаторите, е да се подигне јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите.

Денот на ретки болести за првпат беше одбележан во 2008 година кога повеќе од 1000 настани се организираа во светот.