„Од другата страна“ – албум посветен на групата „Падот на Византија“

Наскоро ќе биде објавен албумот-посвета на групата „Падот на Византија“ насловен „Од другата страна“, објави kritika.mk.

Во албумот учествуваат 13 состави со свои преработки на песните на групата создавани во периодот на двегодишното постоење на групата 1983 – 1984.

Албумот ќе биде реализиран наскоро како дигитално веб издание и ќе биде достапен за слободно превземање.

„Од другата страна“ ги содржи преработките на Тело-Наука Совршена, Мизар, Новоградска, Ти, Сусијат, PMG Kolektiv, Александар Пејовски, Mooger Fooger, Millko, Galathea, Сашко Костов, Foolish Green и Демек.