Обуки за дебата, аргументирано изразување и јавно говорење на „Д фестивал“

Младински образовен форум најавува работилници за дебата, аргументирано изразување и јавно говорење во склоп на овогодинешното издание на „Д фестивал“ во Дојран.

За време на трите дена во кои ќе се случува фестивалот, односно од 17-19 јули, дебатните предавачи на МОФ ќе држат предавања за како да се формира и структурира јавен говор и техники и совети за аргументација и аргументирано изразување.

Присутните на „Д фестивал“, покрај шансата да уживаат во хитовите на изведувачите, ќе можат да научат како да структурираат јавен говор, како да формираат аргументи и истите да ги имплементираат во организирани дискусии.

Последниот ден од оваа тродневна обука е резервиран за јавна дебата во која учесниците ќе можат да ги презентираат стекнатите вештини од јавното говорење.

Работилниците ќе бидат спроведени на македонски јазик, а сите заинтересирани учесници можат да се пријават на следната апликација.