„Обој го светот портокалово, стави точка“ – кампања против насилството врз жените

Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“ што ќе трае 16 дена. Таа е во рамки на глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

По овој повод, денеска на плоштадот „Филип втори“ во Скопје над 100 граѓани ќе формираат портокалова панделка за почеток на кампањата, која се спроведува во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.

Целта кампања е запирање на кршењето на правата на жените, затоа што проценките се дека најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство.

Предвидени се и низа други активности, кои вклучуваат осветлување во портокалово на Камениот мост во следните 16 дена, како и повеќе дебати низ земјата со учество на студенти.