„Обликот на водата“ ги предводи „Оскарите“ со 13 номинации

Филмот на Гиљермо дел Торо, „Обликот на водата“, доби дури 13 номинации за „Оскар“.

Меѓудругото, е номиниран за најдобар филм, најдобар режисер и за најдобро оригинално сценарио.

Во трката за наградата за најдобар филм, покрај „Обликот на водата“ се и „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ на Мартин Макдонаг, „Најмрачниот час“ на Џо Рајт, „Викај ме со твоето име“, „Данкирк“, „Бегај“, „Лејди Брд“, „Фантомска нишка“ и „Пост: Досие Пентагон“ на режисерот Стивен Спилберг.

За најдобра режија, пак, покрај Гиљермо дел Торо, номинирани се: Кристофер Нолан (Данкирк), Џордан Пил (Бегај), Грета Гервинг (Лејди Брд), Пол Томас Андерсон (Фантомска нишка)

Во категоријата „најдобра актерка“ номинирани се Сели Хокинс („Обликот на водата“), Френсис Мекдорманд („Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Маргот Роби („Јас, Тоња“), Сирше Ронан („Лејди Брд“) и Мерил Стрип („Пост: Досие Пентагон“).

За најдобар актер, номинирани се Тимоти Шаламеј („Викај ме со твоето име“), Даниел Деј Луис („Фантомска нишка“), Даниел Калуја („Бегај“), Гери Олдман („Најмрачниот час“) и Дензел Вашинготн („Адвокатот Роман Израел“).

Номинациите од останатите категории може да ги погледнете на следниот линк.