Објавени досега невидени портрети насликани од Курт Кобејн

Иако Курт Кобејн е една од легендите на гранџ и алтернативната музика која обележала многу генерации, помалку познато за него е дека рекреативно сликал. Фронтменот на Нирвана зад себе оставил голем број на портрети, кои Уметничкиот саем на Сиетл одлучи да ги постави на изложба, повеќе од 20 години после неговата смрт.

На изложбата се вклучени некои од неговите слики, од кои повеќето биле сосема непознати, а даваат и поглед од друг аспект кон богатиот карактер на пејачот.

Една од сликите, сепак, била искористена како омот за албумот Incesticide. И покрај огромниот интерес, делата на Кобејн не биле достапни за продажба.

„Тешко е да им се даде цена“, вели Џошуа Рот од Јунајтед Талент агенцијата, која ја организираше изложбата. „Многу му значат на неговото семејство“.