Објавени детали за новата Нокиа 3310

Откако беше најавено дека Нокиа ќе пушти во продажба серија од моделот 3310, познат како најиздржлив телефон со батерија која најдолго трае, има нови детали за новиот дизајн на телефонот.

Мобилниот телефон, кој беше прв пат создаден во 2000 година, овој пат ќе има колор екран кој ќе биде поголем од оригиналниот.

Новата верзија ќе изгледа многу слично на оригиналот, но ќе има делумно обновен дизајн кој е полесен и потенок.

Копчињата ќе имаат речиси ист изглед. Единствена промена ќе биде што копчињата ќе бидат малку поголеми. Новата 3310 наводно ќе ја има и во повеќе бои – освен познатата темносина, ќе ја има и во црвена, жолта и зелена боја.

Значајна промена е што телефонот ќе има лимитиран пристап до интернет (нема можност за конектирање на 4G).

Комплетните детали за телефонот ќе бидат објавени на 26 февруари, на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.