Нухиу: Дел од структурите на МВР мораат да сносат одговорност, Чавков до 20 часот не беше воопшто достапен

Министерот за внатерешни работи, Агим Нухиу на прес-конференција потенцираше дека дел од структурите на МВР вчера не си ја завршиле работата, и според тоа, мораат да сносат соодветна одговорност.

„Вчера од моментот на ескалација на ситуација, се’ до 20 часот, раководителот Митко Чавков не беше воопшто достапен, иако го барав и лично. За жал, во структурите во МВР политичкото има голема улога. Министерството за внатрешни работи е институција која мора да го гарантира јавниот мир, а не институција која политичките центри ја користат за свои цели. Сепак, поголемиот дел од службениците се професионалци и без нивна помош не би можеле да ја решиме вчерашната ситуација“, рече Агим Нухиу.

Тој нагласи дека уште вчера стапиле во контакт со Обвинителстово, а воедно апелираше Обвинителството да се ангажира и вклучи во расчистување со настаните врзани за насилниот упад и повредените лица во Собранието.

„Секој ќе сноси одговорност за своиоте постапки. И одговорните лица во МВР. Згрозен сум и од постапките на дел од простестантите, кои не им дозволуваа на амбулнатните коли да им помогнат на повредените. Тоа не е човечки“, забележа министерот.

Чувствувам морална одговорност што во изминатиот период не успеав да го тргнам политичкото влијание од министерстово. Затлоа ќе барам мое повлекување, но ќе направам се за услови за транфер на власта. Ќе бараме законска и кривична одговноснот од безбеснодните структури од МВР. Воедно, му честитам на Талат Џафери за избраната позиција“, рече Нухиу.

На прашањето на новинарит околу неговото повлекување, министерот рече дека „ќе бара повлекување од неговиот шеф“.