Новинарскиот синдикат со поддршка за штипските професори

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува солидарност и поддршка во борбата на професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски кои се одлучија на штрајк со глад за да ги остварат своите работни права.

Новинарскиот синдикат со поддршка за штипските професори

-ССНМ ја поздравува и одлуката на СОНК да им се приклучи на своите колеги и заедно да извршат јавен притисок врз ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе законот и решението на Државната просветна инспекција во кое беа утврдени неправилности во делот на критериумите за избор на професорите во оваа високообразовна институција.

Бараме наставно научниот совет итно да ја преиспита својата одлука да не ги прифати позитивно оценетите рецензии за тројцата професори со што ги загрози нивните работни места како вонредни професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Разочарани сме и згрозени што за остварување на своите работни права универзитетските професори мораа да пристапат кон најрадикалната форма на протест, штрајк со глад и воедно апелираме до сите надлежни да го свртат вниманието и кон нивната здравствена состојба која сериозно се влошува, се вели во соопштението на новинарскиот Синдикат.