Новинарка четири години патувала низ Индија за да документира древни бунари кои исчезнуваат

 

Низ цела Индија генијална и уникатна архитектура полека се урива и исчезнува, а веројатно и ретко кој слушнал за неа. Така било и пред 30 години, кога новинарката од Чикаго Викторија Лаутман прв пат патувала во земјата и ги открила импресивните структури наречени „kalyani“. Како порти до подземјето, масивните подземни храмови биле дизајнирани како примарен начин да се стигне до изворите на вода во регионите каде климата е пустински сува неколку месеци, а потоа следуваа седмици со разорни монсуни во пролетта.

Илјадници вакви структури биле изградени во Индија почнувајќи од вториот и четвртиот век п.н.е, кога најпрво се појавиле како рудиментарни бунари, но полека еволуирале во разработени и уникатни примери на инженерство и уметност.

Лаутман ја споделува генијалната конструкција на џиновските бунари кои се изградени околу 10 спрата под нивото на водата за Arch Daily:

„Конструкцијата на бунарите не вклучува само типично потонување на длабоки цилиндри преку кои може да се донесе вода до површината, туку е процес на внимателно сместување на камен, рамен ров кој заедно со многуте скалила и страничните огради овозможува пристап до водата која тече преку отворот од цилиндарот. Но, за време на врнежливите сезони, имаат паралелна функција: ровот се трансформира во огромна цистерна во која се полни вода од врнежите и спречува поплавување. Овој генијален систем за зачувување на вода продолжил во текот на еден милениум.

Поради растечкото опаѓање на нивото на водата во Индија поради нерегулирано испумпување, повеќето од овие уникатни бунари оттогаш се исушиле и сега се речиси сосема запоставени. Иако некои од нив кои се наоѓаат во областите каде има развиен туризам се добро одржувани, повеќето се користат како места за фрлање ѓубре и се прераснати со диви растенија или сосема покриени со земја. Многу од нив „исчезнале од мапата“.

Инспирирана од итноста да ги документира бунарите пред сосема да ги снема, Лаутман патувала до Индија повеќе пати во изминатите неколку години и самата лоцирала 120 структури низ 7 земји. Моментално бара издавач кој ќе ѝ помогне да ги прикаже своите откритија на поширока јавност, а нуди и предавања за овие антички бунари  на архитекти и универзитети.